Friday, July 29, 2011

Венчаници

Секоја девојка сонува за денот на нејзината венчавка, денот во кој таа ќе биде облечена во раскошен бел фустан на кој е фрлено цело богатство, денот во кој таа ќе го каже судбоносното да на својата посилна половина, денот во кој ќе бидат важни само таа и тој. Како изминуваат годините се повеќе сме сведоци на напуштање на традиционалните венчавки и стремеж кон нешто помодерно. Како и да е, венчаницата е неизоставен дел, на кој одсекогаш му се посветувало многу внимание, независно од тоа дали венчавката е мала, голема, класична, традиционална или пак модерна. Затоа решив овој блог да го посветам на венчаниците и на фактот колку прекрасни се тие.
Денеска можеш да најдеш венчаница за секој вкус, за секој облик на тело и во секаков стил. Затоа најпрвин ќе започнам со оној модел на венчаници кои мене лично најмногу ми се допаѓаат.

1. Венчаница ала сирена - последниве неколку години овие венчаници се ултра модерни, а мораме да се согласиме дека и има зошто е тоа така. Овие венчаници се припиени за телото, изработени од различни материјали (свила, сатен чипка и др), а карактеристично за нив е тоа што делот од испод колковите или колената е широк, со што се добива изглед на сирена. Овие венчаници се најпогодни за оние девојки кои имаат добра фигура бидејќи тие и даваат совршена форма на фигурата.


























2. Венчаници ала принцеза - овие венчаници се карактеристични по тоа што горниот дел од венчаницата е корсет кој е стегнат и кој посебно ја истакнува тенката половина, а долниот дел е раскошен и со многу тул.
























3. Нежни венчаници - овие венчаници се ненападни, без корпи и слични досатоци, најчесто слободно паѓаат на телото.





















4. Венчаници со откриен грб - овие венчаници се исто така ултра модерни, а карактеристично за нив е тоа што акцентот се става на голиот грб, кој секако не мора да биде целосно откриен.
Со овие венчаници ќе го завршам овој блог, а во некој нареден ќе обрнам внимание и на другите модели на венчаници.




No comments:

Post a Comment